Деловната соработка меѓу странските и домашните компании не е на задоволително ниво, а тоа не оди ниту во нивна корист ниту води за развој на бизнис-климата и економијата. Фирмите се многу поуспешни во работењето и остваруваат поголем профит ако имаат поголема заедничка соработка. Тоа е оцената на Владата по многубројните средби со домашните и странските компании кои работат во земјава, а бидејќи досега пазарот самиот недоволно ја развил динамиката на нивната соработка, Владата се нуди да ги поттикне релациите меѓу компаниите. Придобивките од партнерството се и за едната и за другата страна. Странските компании треба повеќе да ги користат домашните, поевтини производи и репро-материјали, како и другите услуги од македонските фирми, наместо да ги увезуваат. Со тоа ќе имаат многу помали трошоци, транспортни, царински и други, со што ќе заштедат на време. Исто така, ќе се врши размена на технологија, знаења и вештини, ќе се отворат и нови можности за работни места. Доколку е потребно, Владата ќе ангажира и странски консултант за да им помогне на компаниите повеќе да соработуваат, изјави премиерот Никола Груевски.
Деловната соработка меѓу странските и домашните компании не е на задоволително ниво, а тоа не оди ниту во нивна корист ниту води за развој на бизнис-климата и економијата. Фирмите се многу поуспешни во работењето и остваруваат поголем профит ако имаат поголема заедничка соработка.
Тоа е оцената на Владата по многубројните средби со домашните и странските компании кои работат во земјава, а бидејќи досега пазарот самиот недоволно ја развил динамиката на нивната соработка, Владата се нуди да ги поттикне релациите меѓу компаниите.
„Придобивките од партнерството се и за едната и за другата страна. Странските компании треба повеќе да ги користат домашните, поевтини производи и репро-материјали, како и другите услуги од македонските фирми, наместо да ги увезуваат. Со тоа ќе имаат многу помали трошоци, транспортни, царински и други, со што ќе заштедат на време. Исто така, ќе се врши размена на технологија, знаења и вештини, ќе се отворат и нови можности за работни места. Доколку е потребно, Владата ќе ангажира и странски консултант за да им помогне на компаниите повеќе да соработуваат“, изјави премиерот Никола Груевски на вчерашната презентација што ја организираа Владата и стопанските комори, насловена „Бизнис-поврзување на странските инвеститори во Република Македонија со домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи“. Груевски додаде дека Владата и понатаму ќе ја води улогата на посредник меѓу домашните и странските компании, ќе ги слуша нивните потреби, реакции, сугестии и идеи и ќе носи мерки за подобрување на деловниот амбиент, како и до сега. Тој потсети дека во таа насока веќе се донесени многу даночни олеснувања, се сменија и се донесоа многу закони со кои се подобри правната сигурност и дисциплина за водење бизнис, што придонесе и за пораст на инвестициите во технолошко-индустриските развојни зони.
Според вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, домашните и странските компании треба да бидат компатибилни, а не меѓусебно конкурентни и неопходно е што поголем број на домашни фирми да се интегрираат во странските глобални економии. Тоа, според Ставрески, е можно само доколку тие остваруваат поголема соработка со странските компании кои се во земјава и им нудат свои производи и услуги. „Од ланскиот ангажман на домашните компании во странските фирми во земјава, за разни делови, репроматеријали и услуги, реализирани се 50 милиони евра. Изработката на шасиите за холандската „Ван хол“ е само еден пример за тоа“, рече Ставрески.
Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, нагласи дека е многу тешко и комплицирано за македонските компании сами да настапуваат на пазарите во странство и затоа тие треба да ги искористат инвеститорите во земјава, чие целосно производство е наменето за извоз.
„Станете нивни добавувачи, тоа е патот да бидете еден ден глобална компанија. Тој пат треба да се тргне. Сега има доволен број на странски компании во економските зони чии потреби и потенцијали треба да се искористат, а спасот на македонската индустрија е во извозот. Треба да се почне, а фектите од соработката ќе се покажат во наредните 20 години. Сите сакаме ден ден да имаме плати од 5.000 евра“, рече Пешевски.
Министерот за странски инвестиции Веле Самак и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски зони, Виктор Мизо, на домашните бизнисмени им го презентираа списокот на странските компании кои работат во зоните и разните делови и репроматеријали кои тие ги побаруваат во моментов. Тоа се „Арцелор Митал“, „Амфетол“, „Гришко“, „Сумбро“, „Суташ“, „Кромберт и Шуберт“, „Дрекслмајер“, „Маркарт“, „Ван Хол“, „Џонсон контролс“ во Скопје и во Штип, „Џонсон Мети“, „Кемет електроникс“, „Текнохозе“ и „Енергија“.
„Унипласт“ од Струга е компанијата која веќе има соработка со холандската „Ван хол“ и има испорачано пластични делови за 20 автобуси. Според директорот, Христијан Ковачевски, засега имаат договор со оваа компанија за одредена динамика и количина на испорака на делови, а се очекува наскоро двете фирми да се склучат подолгорочен договор за соработка.